FANDOM




1. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО

Вниманието на јавноста треба да се пренасочи од важни на неважни проблеми. Да се преангажира јавноста со поплава од неважни информации, за луѓето да не размислуваат и да не стекнуваат основни сознанија во разбирањето на светот.


Original

2. СОЗДАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ Таа метода се нарекува „проблем-реагирање-решение”. Треба да се создаде проблем, за дел од јавноста да реагира на него. На пример: намерно да се предизвика и пренесува насилство, за јавноста полесно да го прифати ограничувањето на слободата и економската криза или за да се оправда уривањето на социјалната држава.


3. ПОСТЕПЕНИ ПРОМЕНИ

За јавноста да прифати некоја неприфатлива мера, таа треба да се воведува постепено, „лажиче по лажиче”, со месеци и години. Промените, кои би можеле да предизвикаат отпор, доколку бидат изведени нагло и во краток временски рок, треба да се спроведуваат со политика на мали чекори. Светот така ќе се менува постепено, а притоа свеста за промени останува заспана.

4. ОДЛОЖУВАЊЕ Уште еден начин за подготвување на јавноста за непопуларни промени е нивно најавување однапред. Така луѓето нема одеднаш да ја почувствуваат целата тежина на промени, бидејќи претходно се привикнуваат на самите идеи за промена. Освен тоа и „заедничката надеж во подобра иднина” го олеснува нивното прифаќање.


5. КОРИСТЕЊЕ ДЕТСКИ ЈАЗИК Кога на возрасните им се обраќате зборувајќи како дете, постигнувате 2 корисни работи: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката посилно дејствува врз луѓето. Тој сугестивен механизам во голема мера се користи при рекламирањето.

6. БУДЕЊЕ ЕМОЦИИ Злоупотребата на емоции е класична техника која се користи во предизвикувањето краток спој при разумно просудување. Критичката свест ги заменува емотивните импулси (бес, страв и слично). Употребата на емотивен регистар овозможува пристап до несвесното, па подоцна може на тоа ниво да се спроведат идеи, желби, грижи и принуда, па дури и да се предизвикаат одредени однесувања.

Manipulation

 7. НЕЗНАЕЊЕ На сиромашните слоеви треба да им се оневозможи пристап до механизмот за разбирање на манипулациите со нивната согласност. Квалитетот на образование на пониските општествени слоеви треба да биде што послабо или под просекот, за јазот помеѓу образованието на повисоките и пониските слоев  и да остане непремостив.


8. ВЕЛИЧЕЊЕ НА ГЛУПОСТАЈавноста треба да се поттикнува да прифаќа просечност. Потребно е да се убедат луѓето дека во мода е да се биде глупав, вулгарен и неук. Истовремено треба да се предизвика отпор кон науката и културата.      9. СОЗДАВАЊЕ ЧУВСТВО НА ВИНА

Секој поединец треба да се убеди дека само тој е одговорен за сопствената несреќа, и покрај слабото знаење, ограничението способности или недоволниот труд. Така несигурна и потценета единка, оптеретена со чувство на вина, ќе се откаже од барањето вистински причини за својата положба и нема да се буни против економскиот систем.

10. ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗНАЕЊЕТО Брзиот развој на наука во последните 50 години создава растечка провалија помеѓу знаењето на  јавноста и на о

ние кои го поседуваат и користат, односно на владејачката елита. ‚Системот”, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија, има пристап до напредно знаење за човекот и на физички и на психички план.