FANDOM



Стари медиуми Нови медиуми
Информација / Вест Интерактивност / Комуникација
Содржината ја составуваат професионалци Секој може да креира контент
Ограничен простор за содржината Неограничен
Нема мултимедијална содржина, само слики Видео, аудио, анимации, фотографија

Традиционални (стари) медиумиEdit

Традиционалните или старите медиуми се медиуми преку кои единствено се врши сервирање на содржината и не е можно да се добие некаков фидбек. Најчесто се користи за весниците, радиото и телевизијата и за првпат се има појавено во 2000 година, за сите овие „сервиси“ да бидат разликувани од блоговите, онлајн форумите и нешто подоцна од социјалните мрежи.

Нови медиумиEdit

За разлика од традиционалните медиуми (весници, телевизија, радио) каде што само одредени личности или професионалци може да ја создаваат содржината, со појавата на интернетот се појавуваат и новите медиуми кои му овозможуваат на секого да креира содржина. 

Едни од новите медиуми преку кои секој може да го искаже своето мислење, порака или идеја се блоговите и социјалните мрежи. Содржините кои може да се споделуваат преку нив може да бидат во било каков формат; текст, видео, аудио, фотографија, гиф, ...

Надворешни врскиEdit

  • Старите медиуми умираат и на новите платформи
  • Интернетот нема да ги уништи традиционалните медиуми како што се радиото, телевизијата или весниците. Ниту појавата на радиото ги уништи весниците, ниту појавата на телевизијата го уништи радиото, па ниту новите медиуми ќе ги уништат претходните. Сепак, ниту весниците, ниту радиото, ниту телевизијата нема да бидат какви што ги знаеме до сега.“, интервју со Дарко Булдиоски.